Адвокатот на Северина сака да прикажува видео снимки од јахтата на Милан, но кои двојката се милува и бакнува, со цел да докаже дека биле во вонбрачна заедница.
Адвокатите на Северина и Милан Поповиќ водат жестока расправа во Општинскиот суд во Загреб. Судијата нуди помирување на кое поранешниот пар не се согласува.
Милан инвестирал во Северина 300.000 евра? Иако Милан Поповиќ моментално е во Загреб на судењето на дошол. Од пејачката и нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ пара враќање на 308.000 евра, колку што, како што тврди, вложил во нејзината кариера. Поповиќ проценил дека на Северина потрошил милион евра, а две третини од долгот ѝ простил, пишуваат хрватските медиуми.
Судењето продолжува за еден месец. Адвокатот на Северина, Дарио Будимир донел рака полна документи во судницата, па судијата на застапникот на Милан му дал доволно време за да ги проучи.
Во документите се наоѓаат докази за тоа дека пејачката и бизнисменот биле во врска три години. Тоа е доволно нивната врска да се третира како вонбрачна заедница. Во случај тоа да успее, Северина може да бара половина од имотот кој тој го стекнал во тоа време.
Поповиќ тврди дека биле во врска само една година и дека нивната романса завршила пред да се роди нивниот син Александар (3). Додека биле во Бриони, тој тврди дека тој спиел на јахтата, а таа во хотел.
– Луѓето работат заедно на некој проект, па се заљубуваат и разделуваат кога ќе заврши проектот. Така и ние имавме „проект“, а тоа е нашето дете- рекол Поповиќ. На судот ќе претставу пораки во кои неговата поранешна му бара пари за шминка, па дури и за долна облека.