Дно: Ваква бламажа е премногу дури и за Ава (видео)

Токму кога помисливме дека нема полошо бламирање на анонимуси и познати личности во „Големиот браат“, “Фарма“ и слични реални шоуа, една телевизија од Дубровник го потврди спротивното кога ја избра Ава Карабатиќ за водителка на емисијата со работен наслов „Од А до Ж“.

Иако станува збор за локална телевизија и доцен термин на прикажување на емисијата, сосема е нејасно како челниците на станицата одбрале ваков тип на емисија и како заклучиле дека Ава е компетентна за водење на емисија. Од старт почна лошо. Погледнете ја емисијата полна со ефтини секс игри, кикотењењто на Ава и глупирање во нејзин стил.

tportal.hr дури издвои и некои од најпознатите реченици на Ава кои ја докажуваат нејзината интелигенција:

„Ги поздравувам родителите, особено мајка ми и татко ми“

„Живееме здраво. Шпиро секој ден медитира пола саат, а јас 30 минути“

„Секогаш сум вклучена во мобинг. Имам пет мобилни“

„Би ја срушила црквата Свети Донат во Задар и би изградила уште постара“

„Би сакала да имам повеќе самодоверба во другите луѓе“

- Реклама -