За бендот „Biting Elbows“ многумина не слушнале, но благодарение на нивниот спот за новиот сингл „Bad Motherfucker“ тоа сигурно ќе се смени.
Многумина коментираа дека по „Smack My Bitch Up“ на групата „The Prodigy“ немавме прилика да погледнеме толку добар спот од прво лице. Секако, со позитивните коментари доаѓаат и кликовите, а новиот брутален спот на „Biting Elbows“ за помалку од 24 часа е прегледан над милиони пати.