Вакцинацијата против грип ќе почне следната недела, во тек е пријавување

Над 14.000 граѓани веќе се пријавени на веб-страницата – вакцинација.мк, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатно вакцинирање против сезонски грип за ризични групи население, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела.
„Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини“, нагласуваат оттаму.
Граѓаните може да се пријават за вакцина преку интернет и на тој начин, потсетуваат од Министерството, директно се регистрирани за вакцинација во системот „Мој термин“.
„Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку СМС ќе се добие повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи: повозрасни лица – над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица“, додаваат од Министерството за здравство.

Извор