Следната година шпанските лекари ќе започнат со клиничките тестирања на вакцината за која се надеваат дека ќе им биде од помош на зависниците од кокаинот.
Следната година шпанските лекари ќе започнат со клиничките тестирања на вакцината за која се надеваат дека ќе им биде од помош на зависниците од кокаинот.
Вакцината ќе биде тестирана на 170 доброволци во 10 болници во текот на првата половина од наредната година. Првото тестирање е извршено во 2007 година во Барселона.
"Вакцината не ја елиминира потребата од земање на кокаин, но им оневозможува на зависниците да го почувствуваат задоволството од овој порок. Инјектирањето на вакцината предизвикува поврзување на ситните молекули со молекулот на кокаинот, што пак го стимулира имунолошкиот систем да произведува антитела кои ќе ја препознаат дрогата и ќе ја спречат истата да допре до мозокот", изјави психијатарот Carlos Alvarez Vara. "Пациентите треба да не ги почувствуваат ефектите од дрогата и постануваат фрустрирани што залудно трошат пари", рекол Vara.
Клиничкото испитување на вакцината, која го одобрила Европската медицинска агенција, би можело да биде раширено и низ останатите европски земји.
Шпанија денес води во однос на останантите земји од ЕУ по бројот на зависници од кокаин. Само мината година помош побарале 23000 зависници, а кокаинот усмртил 800 од нив.
Студиите предупредуваат дека редовните конзументи на кокаинот се изложени на 24 пати поголем ризик од срцев напад од оние кои не користат. [Tests of Vaccine Against Cocaine Addiction to Begin in Spain]