Познатите актерки Кејт Хадсон и Џенифер Анистон се ангажирани за снимањето на филмот “Mother’s Day“, а дека работата навистина им одговара сведочи и фотографијата која се појави за време на паузата на снимањето. Може да се забележи дека тие се прилично блиски и расположени кога се заедно во друштво.
Двете во моментов се ангажирани за снимањето на филмот “Mother’s Day“, кој што се снима во американската држава Џорџија.
Раширени раце и голема насмевка на ликот на Хадсон ја дочекаа Анистон, која отсуствуваше неколку дена од снимањето, а по изразот на лицето се забележува дека и на Џен и недостасувала нејзината омилена колешка.