Алцхајмеровата болест е најчест облик на деменција, во целиот свет од сите форми на деменција на овој припаѓаат помеѓу 50 и 80 проценти од сите случаи.
Истражувачите се надеваат на пронаоѓање на лек, но секогаш превенцијата е најдобар пристап. Постојат неколку едноставни работи кои можете да ги направите за да се спречи развојот на Алцхајмерова болест:
• Додајте цимет во вашата исхрана или пијалоци
– Долготрајната употреба на овој зачин (лажичка на ден) го блокира производството на протеини во мозокот кои доведуваат до појава на Алцхајмерова болест.
• Пијте сок од јаболка
– Оваа навика го зголемува производството на хемиски соединенија во мозокот кои делуваат позитивно врз учењето, меморијата, расположението и подвижноста на мускулите.
• Пијте кафе
– Тоа дејствува како анти-воспалителна супстанца која може да ја блокира акумулацијата на холестерол во мозокот. Една обемна студија покажа дека мажите и жените кои пијат 3-5 чаши кафе дневно ги намалуваат шансите за развој на деменцијата за 65 проценти.
• Дружете се повеќе
– Истражувањата покажуваат дека социјалниот живот може да ги подобри вашите когнитивни способности.
• Заштитете го вашиот вид
– Очите се добар показател за тоа колку мозокот добро функционира. Ако го сочувате вашиот вид можете да го смалите ризикот од деменција за 63 проценти.
• Медитирајте
– Тоа ќе го намали вашиот крвен притисок и стресот, а ќе го зголеми протокот на крвта во мозокот. Научниците веруваат дека нашето длабоко размислување за духовните работи помага во оддржувањето на менталната перцепција.
• Медитеранска исхрана
– Исхраната богата со зеленчук, риба, овошје, јаткасти плодови и умерено количество на црвено вино може да го преполови ризикот од деменција.