Вака изгледа глобалното загревање во Македонија од 1901 до 2018 година

Температурите во Македонија (1901 до 2018 година)

Глобалното загревање и климатските промени за обичниот човек се прилично апстрактен концепт, па многумина нивното не/постоење го проценуваат врз основа на локалните температури и сопствената меморија (што знае да е фалична). Во реалноста, се работи за обемен сет од научни податоци кој е тешко да биде визуелизиран.

Климатскиот научник Ед Хокинс веќе неколку години се обидува да го промени тоа, развивајќи уникатни визуелизации кои на јавноста ќе ѝ помогнат полесно да увиди како се одвиваат климатските промени. Лани тој создаде колоритна шема од „загревачки линии“, базирани на забележаните температури од релевантни извори, кои го покажуваат порастот на глобалните температури од почетокот на мерењето на податоците, па наваму. Годинава тој го усоврши проектот создавајќи интерактивен вебсајт на кој можете да ја проверите шемата за речиси било која земја во светот.

Се разбира, секој регион си има своја специфична клима, но во суштина каде и да погледнете, доминираат црвените линии (читај: високите температури) во последните години. Во визуелниот приказ, просечните температури од 1971 до 2000 година се земени како појдовна точка, односно граница меѓу црвените и сините линии. Од таа основа, најтемно сината боја ги претставува температурите што најмногу отстапувале под наведениот просек. Најтемно црвените, пак, ги означуваат температурите што најмногу отстапуваат над просекот.

Следнава слика, на пример, ги покажува годишните глобални температури меѓу 1850-та и 2018-та година. Истиот тренд, на пример, ќе го забележите и во продолжение кај САД, Австралија, Кина, Бразил, Пакистан и Данска, но и во Македонија (на почеток на текстов). Графичките прикази за останатите земји ќе ги најдете на интерактивниот вебсајт showyourstripes.info (ЛИНК), така што ќе ја одберете саканата земја во полето „Select Region“.

Светски температури
САД
Австралија
Кина
Бразил
Пакистан
Данска
- Реклама -