Велат, оној кој не умее да ги користи прстите, не умее ниту со останатото. Ова особено важи за најинтимниот дел од женското тело.
Вагината не е тегла мармалад, не „копај“ со прстите по неа.
Она што ги излудува жените, но не во позитивна смисла, е кога мажот ја допира вагината како да става паричка во касичка.
„ Кога ќе „заглавите“ таму доле, и почнувате да „копате“ наоколу и без никаква смисла, можете да го повредите нежното ткиво на вагината“, вели сексологот Емили Морс и додава: „Тој потег ќе го прекине она, што се уште не ни започнало“.
Таа објаснува дека тоа неискусно допирање е разбирливо ако се работи за средношколец, но девојките сакаат мажи кои знаат што прават со прстите.
„ За мажот кој не знае да користи раце и прсти, се подразбира дека не знае да го користи ни останатото“, вели сексологот.
Не само што грубото и безмислено движење на прстите по вагината не ги возбудува жените, туку може и да ги повреди, со оглед на тоа што ткивото на вагината е многу чувствително.
Во продолжение неколку конструктивни совети:
Прво, нека ви бидат рацете негувани, кожата нежна, а ноктите исечени.
Второ, почнете со допирање на колковите, со лесни потези, а потоа преминете на околниот „епицентар“, а потоа благо допирајте ја со кружни потези, не заборавајќи го клиторисот.
Доколку сакате да ја доведете партнерката на врвот на тој начин, комбинирајте ги допирите на клиторисот и вагината, а движењата нека бидат во ритам што расте лесно и полека. Следете го нејзиниот ритам на дишење, прашувајте ја дали и се допаѓа.
Имајте го на ум и следново – на многу жени им одговара кога по мануелниот оргазам, партнерот е веднаш подготвен за пенетрација.