Уживајте во вкусот на солени палачинки со краставички, пиперка…

Во кулинарството има многу рецепти за солени палачинки кои се иделани кога сакате на трпезата да ставите нешто вкусно и убаво на изглед, а притоа да има едноставна и лесна подговотка. Со следниот рецепт за солени палачинки нема шанса да се промаши!

Состојки:
300 мл млеко
30 мл масло
2 јајца
200 гр. брашно
1 прашок за пециво
сол
1 пиперка
3 кисели краставички
1 млад кромид
100-150 гр. сирење
 
Подготовка:
Јајцата се матат, се додаваат млекото, маслото, брашното, прашокот за пециво и сето тоа убаво се мати. Потоа се додаваат исецканите краставички, пиперка, кромид, сирењето и солта, па смесата се меша. Се покрива со фолија и се остава да отстои околу 20 минути.
Потоа, палачинките се пржат во подмачкана тава, како и обичните палачинки, додека не поруменат од двете страни.
Вака подготвените солени палачинки се служат топли. Одлично одат со павлака, кајмак или цедено млеко.

Извор