Фотографијата од малата Сиријка која гледајќи го апаратот ги крена своите раце во знак на предавање, го растрепери срцето на милиони луѓе ширум светот. Но, ужасот за ова дете е уште поголем сега, бидејќи Идлиб падна во рацете на Ал-Каеда после четиридневна борба.
Имено, четиригодишната Ади Худеа при бомбардирањето на Хама го изгуби нејзиниот татко, па со мајка и и браќата заврши во кампот за бегалци на турско-сиријската граница.
Но, пред две седмици, тие се преселија на југот, кон градот Идлиб. За жал, за време на викендот овој град падна во рацете на бруталната сириска група Ал-Каеда.
Ова значи дека девојчето заедно со нејзиното семејство е повторно во опасност да стане жртва на борбата која се води меѓу режимот и бунтовниците, а во коja се убиени повеќе од 220.000 луѓе од 2011 година до денес.
Од нив, повеќе од 10.000 се деца.