Утрото веќе не мора да биде страшно

Утро е. Алармот од телефонот повторно нагло ви го руши сонот и ве враќа во реалноста. Повторно е време за будење, време да се соочите со стресот и напорните дневни обврски кои ќе ви ги донесе денешниот ден…

Тонусот на мускулите се враќа во нормала во првите 30 минути по будењето, тврдат експертите, но што до тогаш? Што се случува обично со нас наутро? Часовникот ѕвони и сонот нагло си „оди“. Набрзина пиете кафе, брза подготовка на појадок, го облекувате детето за во градинка или училиште и напорно мислите колку многу работа ве чека денес.

Ова е почеток на уште еден ден исполнет со стрес, а секој почеток си има и свое продолжение. Повеќето луѓе кои се чувствуваат оптоварени со семејни и работни обврски се будат со главоболка, замор и забрзан пулс. Тоа не е случајно. Во моментот на будење, мозокот му дава команда на организмот за почеток на дневната активност, но телото уште не е подготвено за неа – тоа не е во состојба толку нагло да премине од состојба на ноќна опуштеност во состојба на интензивна работа.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Секогаш заштитете го вашето тело од нагло оптоварување и дајте му шанса да се адаптира пред да помине од една во друга состојба. Еве неколку совети:

– Никогаш не станувајте нагло од креветот. Наместете го алармот или часовникот, 15 минути пред да треба да станете. Исто така наместете повеќе аларми за будење, тоа е еден вид превентива против успивање.

– Секогаш истегнете го телото малку во креветот пред да станете, ова е период кога во организамот се ослободува ендофрин или хормонот на задоволството.

– Направете 5 вдишувања и издишувања, на последните две подзапрете и правете неколку секунди пауза помеѓу вдишувањето и издишувањето.

– Стиснете тупаници со рацете и отпуштете, повторувајте ја оваа вежба 10 – 20 пати.

– Станете од креветот и седнете, направете неколку кружни движења со главата.

По овие основни вежби за будење можете да станете од креветот и да започнете со она што ви е обврска. Овие неколку чекори нема да ви одземат повеќе од 5 минути, а многу ќе ви помогнат успешно и опуштено да го започнете денот.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -