Утринското кафе ќе ви помогне да се справите со болките во вратот

Луѓето кои се занимаваат со канцелариска работа т.е постојано се пред компјутер, често имаат проблеми со болки во грбот, во половината или во вратот. Научниците велат дека шолја кафе наутро може да ги ублажи, па дури и да ги смири овие болки.

Според научниците од Универзитетот во Осло кофеинот е важен елиминатор на болки и одамна е познат по своето аналгетско дејство. Научниците исто така додаваат дека во иднина кофеинот ќе биде значаен составен дел на парацетамолот и аспиринот.

Испитаниците кои имале болки во грбот, а кои никогаш не консумирале кафе, започнале да го користат одреден период секое утро. По истекот на периодот научниците забележале дека тие значително помалку се жалат на болки во грбот и дека можат да поминат двојно подолго време пред компјутерот.

Сепак ние ве советуваме утринското кафе да биде во мала шолја за кафе и да го пиете секогаш после оброк, никако пред. Со ова ќе ги добиете само неговите позитивни карактеристики и ќе го заштитите желудникот. Покрај тоа, внимавајте на количините на кафе во текот на денот т.е никогаш не претерувајте и не консумирајте го пред спиење.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -