Утре почнува 16. издание на Битолското културно лето

На нова локација, во нов амбиент, со спектакуларен настан и големи музички ѕвезди, утре започнува 16 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Подготовките се во полн ек, а изведувачите најавуваат незаборавна „Симфонија на ѕвездите“ на Стадионoт „Петар Милошевски“ за почеток на ова издание на културното лето.

Годинава, „БИТ ФЕСТ“, ја задржува својата оригинална форма на поддршка на квалитетни и традиционални настани, кои ги отсликуваат културните вредности на Битола.

Ова е официјалниот плакат на „БИТ ФЕСТ 2024“, подготвен од Сашо Илковски.

- Реклама -