Уставен: Неприфатливо е мешањето во нашата работа

За Уставниот суд неприфатливи се реакциите на јавноста околу иницијативата за разгледување на уставноста на членот 11-а со кој беше дополнет Законот за помилување за да му овозможи на тогашниот претседател Ѓорге Иванов да ги повлече помилувањата за 56-те функционери ocoмничени или oбвинeти во предметите на СЈО. Неоснованите пpитиcoци и нестручните прејудицирања, стои во соопштението објавено денеска, не одат во насока на владеење на правото и правната држава.

„На 27.11.2019 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, Судот расправаше и донесе Решение за поведување на постапка за оспорениот член од Законот. Постапката по предметот е во тек.

Уставниот суд со внимание ги следеше написите, коментарите, изјавите на претставници на одредени државни органи, дел од медиумите и поедини експерти во кои беа изнесени невистини, обиди за прејудицирање на одлуките на Уставниот суд и невистинито информирање за исходот на гласањето, но и необјективни и нестручни коментари.

Прочитајте и:  ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата, се врши директен yпaд и притиcoк за нормално функционирање на Судот и неосновано се повpeдува yглeдот на Судот и чecта и личнocта на уставните судии.

Темелни вредности на нашиот уставно-правен поредок, покрај другите, се владеењето на правото и поделбата на власта. За Уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава“, пишува во соопштението.

- Реклама -