Уставен „го укина“ посебниот полициски час за постарите од 67 и помладите од 18 години

Со мнозинство гласови уставните судии одлучија дека постои ocнован coмнеж дека одлуката на Владата за различно времетраење на полицискиот час за различните возрасни групи е неуставна.

Со самото поведување на постапка од страна на Уставниот суд, прекинува важноста на владината уредба за ограничено движење на младите и највозрасните, пренесува „Алсат“.

Со други зборови, полицискиот час почнува да важи подеднакво за сите граѓани, односно наместо дозволено движење од 05 до 12 часот за постарите од 67 години и од 13 до 19 часот за помладите од 18 години – сега тие ќе можат да се движат во истиот период како и останатите граѓани, односно од 05 до 19 часот.

Од Уставен посочуваат дека не е спорен самиот полициски час, туку разликите во ограничувањата врз основа на возрасна категорија.

Со одлуката на Уставен, за првпат од воведувањето на карантинот во земјава, младите, како најактивни преносители, ќе се движат во истиот период како и постарите, кои се најpaнливи од коронавирусот.

 

- Реклама -