Усните го откриваат карактерот

Многумина тврдат дека обликот на усните ги откриваат цртите на карактерот. Малата усна имаат великодушни и добродушни луѓе, а голема открива амбициозна природа…

Филозофите сметаат дека обликот и големината на усните, секако оние природните, укажуваат на одредени црти на карактерот. Затоа, доколку сакате да дознаете што вашите усни кажуваат за вас, земете огледало во рацете и проверете колку навистина се познавате. И добро размислете пред да се олучите на естетска хирургија, доколку ви е во план.

Мала усна имаат луѓе кои се великодушни, дарежливи и добродушни, а голема усна открива амбициозна природа и личноста сака да командува. Полните усни имаат чуствителни и емтивно незрели личности, додека зад тенките усни се „кријат“ практични луѓе, но несигурни во себе, па имаат и комплекс на ниска вредност.

Најчесто едната усна е поизразена, ако е тоа горната, тоа укажува дека импулсивноста е главната карактеристика. Исклучително нагласена долна усна имаат заводниците.

- Реклама -