УСЈЕ прејде на греење со гас наместо мазут, како што наложи ДИЖС

Цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата и наместо мазут почнала да користи природен гас како гориво во двата котрли за парно греење со моќност од 4.2 мегавати во котларата за загревање на фабриката, информираше Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) откако вчера бил извршил контролен инспекциски надзор, пренесува „Телма“.

Дополнително, согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина.

Од ДИЖС информираат и дека една од двете печки – печката број 4, во саботата престанала со редовна работа поради ремонт кој ќе трае 45 дена, а таков ремонт потоа следува и за печката број 3, за што ДИЖС бил писмено известен.

Прочитајте и:  Министерство за животна средина: Ги интензивираме активностите за чист воздух
- Реклама -