Воз на компанијата Canadian Pacific Railways (CP) кој превезувал сурова нафта, излетал од шините вчера во Висконсин – втор ваков случај за американската држава оваа недела.
Патувајќи на исток, возот излетал од шините околу 2 часот попладне крај градот Вотертаун во југоисточниот дел на државата. На местото на инцидентот не настанал пожар ниту пак се повредени луѓе. Најмалку 10 цистерни се превртеле, а некои од нив се дупнати и од нив се прелива нафта.
Од компанијата CP изјавиле дека го прифаќаат инцидентот крајно сериозно. Во саботата , товарен воз излета од шините кај градот Алма во западен Висконсин. Се излеаа илјадници галони етанол.