Уште еден притвор за Груевски

По барање на обвинителката на СЈО – Лиле Стефановска на претходното рочиште, денеска Судот на екс-премиерот во бегство – Никола Груевски, му одреди мерка 30-дневен притвор и за случајот на СЈО за изборни нерегуларности  – „Титаник“.

Мерката почнува да важи од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Притворот е доделен по доставеното известување од Претседателот на Собранието дека на Груевски, кој сé уште е пратеник, му е одземен пратеничкиот имунитет.

Ова е втор притвор за Груевски во отсуство. Пред 7 дена судот изрече притвор и за случајот „Талир“.

Претходно Судот одлучи на Груевски да му се суди во отсуство.

По барање на СЈО, Груевски доби притвор и за предметите „Траекторија“, „ТНТ“ и „Насилство во Центар“.

- Реклама -