Уште еден филм за Formula 1

Документарниот филм раскажува за феноменалниот камбек на Ники Лауда по неговата катастрофална несреќата во 1976 година.

По холивудскиот еп „Со полн гас “ (Rush) на Рон Хауард, доаѓа нов документарен филм за Formula 1. Неговото име е „33 дена“ и раскажува за неверојатното враќање на Ники Лауда, по катастрофата на патеката во Нирбургринг во 1976 година. Тој се нашол на патеката само месец дена по излегувањето од болницата, во трката на патеката во Монца. Австрискиот пилот доби тешки изгореници на телото и беше на „ивица“ да го изгуби животот, но се врати на патеката, за да ја одбрани титулата од Џејмс Хант со McLaren.

Филмот се фокусира на подобрената безбедност на возилата и има интервјуа со Дејвид Култхард, Марк Вебер, Луис Хамилтон, Нико Розберг и Ники Лауда.

Прочитајте и:  Паника во Холивуд, Клинт Иствуд (94) не дојде на премиерата на својот најнов филм: „Добар е, но многу е лут“
- Реклама -