Уште девет дена од гласањето за Андријана да не претставува во Франција

Пред неполн месец Андријана Јаневска беше лично поканета од организаторите на  најголемиот онлајн музички натпревар EuroMusic Contest 2014,  со песната „Животот е убав“ (музика и аранжман Драган Гиновски-Гино, текст Андријана Јаневска). 

Таа во моментов се наоѓа на првата позиција, но има уште цели девет дена до крајот на гласањето.

„ Гласањето започна на 10ти април, а завршува на полноќ на 10ти мај. Од самиот почеток до денес сум на првата позиција, што значи дека доколку завршам на првото место, ќе ја претставувам Македонија во големото финале кое се одржува на 30ти јуни во Париз, Франција. Финалето ќе го пренесуваат над 88 земји во светот. За жал, зад мене не стои ниту една продукциска куќа која би ме поддржала и немам огромно организирано гласачко тело за да бидам сигурна дека ќе завршам на првото место. За да го постигнам тоа, потребна ми е вашата поддршка.
Ве замолувам да ја споделите оваа информација на вашите сајтови со што би ми помогнале успешно да завршам на целта“, вели Андријана.

Прочитајте и:  Француска полиција: Саботажа е извршена во делови од државата врз мрежи со оптички кабли

Може да се гласа секој ден по еднаш од еден ФБ профил на следниов клик на  ЛИНК.

Да ја поддржиме. Затоа што Андријана има глас кој што заслужува да биде слушнат од светот, а ние да бидеме горди.

- Реклама -