Уште 15 фотографии за кои нема да поверувате дека не се фотошопирани

Афро Никогаш не е доволно од зачудувачки фотографии. Затоа, откако ви ги претставивме 30 фотографии кои беше тешко да поверувате дека се фотошопирани, следат уште 15 автентични зачудувачки фотографии.


Никогаш не е доволно од зачудувачки фотографии. Затоа, откако ви ги
претставивме 30 фотографии кои беше тешко да поверувате дека се
фотошопирани
, следат уште 15 автентични зачудувачки фотографии.

15. Грешка во матриксот
Грешка во матриксот
Се работи за жичана скулптура од Бенедикт Ретклиф.

14.Во сезоната 6 од „Изгубени“ ќе откријат дека островот е океан
„Изгубени“
Она што изгледа како клише слика од некој рок албум од осумдесеттите е всушност автентична фотографија од Салар де Ујуни (пресушено солено езеро) во Боливија, кое често, во сезоната на дождови се поплавува со тенок слој вода, што му овозможило на овој човек да изигрува Исус.

13. Песочна уметност
Песочна уметност
Ако ги извадите луѓето од оваа фотографија, ова изгледа како лоша уметничка слика. Но, се работи за песочните бранови во Аризона, формирани од антички дини.

12. Заштитна ограда
Појачало
Вака изгледа една продавница за гитари во Саутемтон, Велик Британија, кога е затворена.

11. Жена?
Струк?
Ова е Кети Јунг , жената со струк од 38 сантиметри. Таа дури има и сопствена страница, посветена комплетено на фактот дека нејзиното тело треба да се гледа единствено на сопствен ризик. Причината за оваа ужасна состојба е носењето на сè помали и помали корсет, кои до сега би требало да го направат нејзиниот црн дроб посплескан од палачинка. Но, таа се гордее со своето постигнување. Кои сме ние да судиме?

10. Нов кошмар за децата кои се плашат од кади
Мало пајче
Уметникот Флорентин Хофман го создал ова пајче високо 30 метри и го спуштил во пристаниште, со идеја дека истото ќе има терапевтско дејство. Секако дека ќе биде потребна терапија за оние деца кои се плашат од кади, а кои ќе имаат среќа да го видат ова ремек-дело.

9. Камион со афро

Афро камион
Нормално е овој камион да има афро-фризура, со оглед на тоа што е фотографиран во Сомалија. Немањето доволно законски регулативи, а ни постојана влада која ќе ги спроведува, доведува до сообраќаен хаос во земјата. Еден од прописите кои недостасуваат е и правилникот за количеството пченка кое можете да го натоварите.

8. Седиштето на МЕНСА
Тест за прием
Оваа зграда во Украина има вистински крстозбор на една од страните, кој е висок преку 30 метри. Можете да се обидите да го решавате, но се претпоставува дека ако се спуштите со јаже од врвот и почнете да пишувате со спреј, снајперист ќе ве застрела.

7. Врне задници

Задници на небото
Се работи за вистински облаци наречени маматокумулуси, за кои сè уште не се знае како настануваат.

6. Непристојниот џин од Церн Абас

Првиот натпревар во мерење пениси
Се работи за цртеж во поле крај селото Церн Абас, северно од Дорчестер, во Дорсет, Англија. Направен е со копање во тревата додека јасно не се познава чакалот оддолу. Времето од кое потекнува е мистерија.

5. Крајната сцена од „Одисеја 2001“ која никој не ја разбра

Одисеја 2001?
Ова е фотографијата на насловната страница на магазинот Life од 1965 година. Многумина ја сметале за монтажа, но се работи за првата фотографија снимена со едноскоп, од жив фетус во матка.

4. Човек-дрво?

Човек-дрво?
Фотографијава која изгледа зачудувачки вештачка, направена е во градината каде што се растат дрвја со техниката наречена арбоскулптура, со која се врзуваат дрвјата во текот на нивното растење, за да им се даде посакуваната форма.

3. Дело на џиновски пајак?
Џиновска пајакова мрежа?
Ако сте аракнофобични, не грижете се, ова импресивно дело им припаѓа на милиони пајаци кои работеле заедно, а не на еден неверојатно голем.

2. Сцена од „Ден на независноста“
„Ден на независноста“?
Една од серијата фотографии направени во американска воена база во Ирак, за време на песочна бура.

1. Господ го прогласува џипот за геј
Џипот е прогласен за геј
Фотографија што се појави на интернет на почетокот од годинава. Авторот гордо напишал дека е среќен што успеал да најде место каде што завршува виножитото и истото да го улови со фотоапаратот. Можеби никој не му кажал дека овие чуда се игра на светлината, па којзнае, веројатно некој ден ќе се врати со алати и ќе се обиде да го откопа ќупот со злато закопан под автопатот.[17 More Images You Won’t Believe Aren’t Photoshopped]

- Реклама -