Градот има население од 12 милиони, неколку плоштади, облакодери и дури и пристаниште – испланирани до најситен детаљ. Сепак градот Урвил постои само во мозокот на Французинот Жил Треин кој поминал 20 години во планирање на градот во своите мисли.
Неговите цртежи привлекле толку многу внимание на интернет што биле претворени во книга. 40 годишниот уметник од Кањ сур Мер, во близината на Ница во југо-источна Франција, го посветил својот живот на замислениот град, забележувајќи ги и најситните детали. Тој дури ги претставил своите планови за замислениот град на конференции за Аутизам во целиот свет.
Господинот Треин рекол: „Цртам од пет години. Отсекогаш сум бил фасциниран од големи градови и авиони. Од 1984 година започна да ме интересира составувањето на замислен град. Го нареков Урвил – името потекнува од „Думон д’Урвил“ научна база во Француската територија на Антарктикот.“ Според Медицинското Друштво на Висконсин, господин Треин изјавил „Во 1984 се решив за идејата за создавање на овој град за време на одмор во Њујорк. По тоа патување живеев во Лондон помеѓу 1984 и 1986 година.“
Тој на почетокот почнал да го составува градот од LEGO но набрзо потоа се решил дека полесно ќе може да го надградува ако го црта. „По 1987 имаше голема еволуција во мојата замисла на градот. Сфатив дека можам да го проширувам градот во моите мисли без да го градам со LEGO.“ Книгата на Треин ја следи историјата на градот – од влијанието на Втората Светска Војна па се до Француската Револуција. „Во 1879 година, за време на Француската Револуција, Урвил има 2,8 милиони жители, но бројот на куќи стана преограничен за толкаво население поради растот за време на Индустриската Револуција.“
„За да се справат, градските власти побарале помош од познатиот градски планер Оскар Лабалие (1803-1883) за да започнат огромни урбанистички проекти кои сè уште го обликуваат Урвил до денес.“ Во книгата има вкупно 300 цртежи на Треин. [City of dreams: Autistic artist reveals extraordinary pictures of intricate metropolis… which he has designed in his mind for 20 years]