Пејачката Јелена Карлеуша на Твитер им ги честитала престојните празници на своите колешки и во препознатлив стил им посакала необична желба.
Пејачката споделила интересна новогодишна честитка со колешките во која се осврна на медиумските шпекулации за наводната врска со албанскиот бизнисмен Чазим Османи со бројни локални пејачи.
„На моите колешки во Новата Година им посакувам ниту еднаш веќе да не се изе*ат со Чазим“, напишала Карлеуша.
Таа, исто така, отрки што ќе носи за време на нејзиниот настап за Нова Година во Хајат.
Таа објавила слика од долна облека, која е украсена со кристали, и под која напишала „Дочекот на Новата 2015-та година е речиси тука! Се подготвувам за Хајат Регенси Кристална сала“.
Судејќи според изборот на „тоалет“, за подготвување нема да ѝ биде потребно многу време.