По цела ноќ со Ураганот Сенди, Њујорк изгледа морничаво. Ураганот стигна до копното во 18:30 по локално време откако претходно пустошеше по брегот.
Градот ги затвори транспортниот систем, училиштата, берзата и Бродвеј и им нареди на илјадници граѓани да ги напуштат своите домови во опасните зони. Градот беше погоден од бран висок околу 4 метри што предизвика поплави во подземната железница и тунелите.
Итните служби во Њујорк добивале по 20.000 повици секој час. Во неверојатни 24 часа обичниот Ураган Сенди се судри со студен бран по што стана супербура – хибрид кој покрај дожд и ветер имаше и снег.
Сите големи градови на северо-источниот брег на САД беа погодени од бурата, од Вашингтон и Балтимор до Филаделфија, Њујорк и Бостон.