Уписите во средното училиште „Владо Тасевски“ ќе се одвиваат на новоизграденото фудбалско игралиште, со дезинфекција на секои 3 часа

Претстојните уписи во средното училиште „Владо Тасевски“ – , кои ќе се случуваат на 16 и 17 јуни, ќе се одвиваат според протоколот на Министерството за образование и наука, вели директорот на училиштето Александар Сибиновски.

„За среќа, минатата година ние изградивме фудбалско игралиште со вештачка трева и оваа година ќе го искористиме тој простор за да ги реализираме уписите на отворено, а на тој начин ќе ги минимизираме можностите за евентуалното ширење на вирусот. Во нашето училиште имаме вкупно 5 профили, а тоа подразбира дека ќе бидат поставени и 5 пунктови за прием на документи“, ни изјави Сибиновски.

Тој појаснува дека, благодарение на доволниот број на наставници, направена е ротација така што на секој пункт за прием на документи ќе има по едно лице не подолго од 3 часа, а за воспоставување на непречен ред и проток на ученици ќе биде задолжен ненаставниот кадар, односно обезбедувањето и чуварската служба. За учениците, пак, ќе биде задолжително да носат заштитна маска при влезот, а според предвидената динамика, дезинфекција на просторот и инвентарот ќе се врши на секои 3 часа, истакнува Сибиновски.

 

- Реклама -