Универзумот се шири многу побрзо од очекуваното

hs-2016-17-a-web_print-630x410[1]

Новото истражување на тимот на вселенскиот телескоп Хабл на НАСА, сугерира дека универзумот се шири значително побрзо отколку што астрономите мислеа на почетокот. Последните мерења индицираат стапка на експанзија за 5 до 9 проценти поголема од очекуваната.

Нобеловиот лауреат – Адам Ријс, која ја предводеше студијата, почна да трага по попрецизна калкулација на стапката на ширење на универзумот уште во 2005-тата.

Астрономите на НАСА ја споредија опсервираната светлина од околу 2.400 Cepheid ѕвезди и 300 Type la супернови. Потоа ги споредија тие дистанци со експанзијата на вселената, мерејќи ја светлината од оддалечувачките галаксии. Новата стапка на експанзија е измерена со досега непостигната точност, редуцирајќи ја можноста за грешка на само 2.4 проценти, според НАСА.

Новите мерења не се совпаѓаат со оригиналната експанзиона стапка која астрономите ја предвидоа од започнувањето на Биг Бенгот.

„Ако ја знаеме почетната количина на ствар во универзумот, како што е темната материја и темната енергија, и ако сме точни во физиката, тогаш можеме да тргнеме од мерка од моментот непосредно по Големата експлозија и да го искористиме тоа знаење да предвидиме колку брзо универзумот би требало да се шири денес“, рече Ријс на прес-конференцијата на НАСА. „Меѓутоа, ако оваа дискрепанца не е издржана, изгледа дека можеби го немаме соодветното разбирање, а тоа менува колку голема треба да биде Хабловата константа денес“.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Нејасно е зошто универзумот се шири побрзо од очекуваното. НАСА вели дека тоа може да е резултат предизвикан од темната енергија која ги турка галаксиите со поголема или растечка сила. Друга теорија вели дека невидливата материја што го сочинува најголемиот дел од универзумот (а.к.а. темната материја) има непознати својства. Вселенската агенција исто така хипотетизира дека виновник може да е субатомска честица позната како „темна радијација“. Четвртата е лоша вест: дека можеби теоријата за гравитацијата на Ајнштајн е нецелосна.

Во меѓувреме, астрономите продолжуваат да го користат телескопот Хабл за да ја опсервираат стапката на ширење на универзумот, а целта е да се намали просторот за грешка на 1 процент.

- Реклама -