Сакате камп приколка, но уште повеќе сакате јахта. Сега е можно да ги имате и двете, благодарение на Sealander.
Уникатниот изум комбинира во едно приколка и јахта. Таа е дело на германски инженери, со тоа штоправи микс од квалитетот и естетиката на јахтата со флексибилноста на подвижен дом.
Куќиштето е изработено од пластика, па затоа е доволно лесно за да биде влечено од мали до средни и големи автомобили.
Јахтата е опремена и со мал вонбродски мотор. Таа може да се пофали со мал тросед, мијалник, стерео систем…
Рачно изработениот Sealander сепак е скапо задоволство – чини 20 илјади долари, кои гарантираат вистинско уживање.