Унгарска вечер во Филхармонија

На 5-ти септември во Националната филхармонија со почеток во 19:00 часот ќе се одржи вечер на камерна музика на унгарски музичари. На концертот настапуваат:

Јулија Пускер (виолина) која е угледна унгарска виолинистка, пофалена за нејзината „магична едноставност“ и аристократска уметност. Таа настапувала со големи оркестри низ Европа.

Máté Szűcs (Виола) е познат по својата исклучителна техника и топлиот тон. Тој главна виола на Берлинската филхармонија, а настапувал и како солист и камерен музичар низ целиот свет.

Балаш Долфин (виолончело) е прославен виолончелист познат по својата длабока музикалност. Балаш се појавил на бројни меѓународни фестивали и соработувал со многу водечки уметници.

Вечерта ќе бидат изведени дела од Ерно Донањи, Золтан Кодали и В.А.Моцарт.

- Реклама -