Унгарија ги блокира новите санкции на ЕУ против израелските доселеници на Западниот Брег

Унгарија ги блокираше новите санкции на ЕУ против израелските доселеници на Западниот Брег на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, изјавиле повеќе дипломати за ДПА.

Министрите за надворешни работи на Белгија, Ирска и Шпанија ја повикаа Европската унија да преземе казнени мерки против израелските доселеници за насилството врз Палестинците.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека ЕУ „мора јасно да им стави до знаење на екстремистичките доселеници“ дека кршењето на законот нема да остане без одговор.

Највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, пред почетокот на состанокот, сепак, предупреди дека на блокот му недостасува едногласност за воведување санкции.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -