Умре Осамениот Џорџ

Осамениот Џорџ, последната желка од неговиот вид и икона на движењата за конзервација умрел вчера од непозната причина.

Осамениот Џорџ бил најден во 1972 година и станал симбол на Галапагос Островите во Еквадор кои привлекуваат 180.000 посетители годишно. „Утрово рејнџерот одговорен за желката го нашол Џорџ кој бил неподвижен“ изјавил Едвин Наула, претседателот на Националниот Парк Галапагос. „Неговиот животен век едноставно заврши.“

Џорџ најверојатно имаше околу 100 години и беше последен претставник на неговиот вид на џиновски желки од Ла Пинта, еден од најмалите острови од Галапагос. Џиновските желки од Галапагос, кои можат да живеат и до 200 години, биле видот кој му помогнал на Чарлс Дарвин да ја оформи својата теорија за еволуција во 19-от век.

Наула додал и дека националниот парк размислува да го зачува телото на Џорџ и да го изложи во паркот. Портпарол на паркот рекол дека планираат аутопсија за да утврди која е причината за смртта. Научници се обидувале да го натераат Џорџ да се пари уште од 1993 година кога вовеле две женки од различни видови во неговото живеалиште.

Живеалиштето на Џорџ било посетувано од од илјадници туристи секоја година кои се обидувале да го фотографираат најреткото животно на планетава. Островите често привлекува и злавни личности како на пример Анџелина Џоил и Бред Пит кои го посетија островот годинава. Желките биле ловени за нивното месо до работ на истребување а нивното живеалиште било уништено од козите кои биле воведени на островот.

- Реклама -