Пајаковите мрежи со својата совршена природна архитектура и убавина. Галерија ремек дела на најголемиот уметник-природата на следната страна.
Пајаковите мрежи со својата совршена природна архитектура и убавина. Ремек дела на најголемиот уметник-природата.
Утринска роса, секоја за себе мал свет од рефлексии.
Мрежите се неверојатен ефикасен начин да се дојде до храна. Пајакот не мора да го лови својот плен-едноставно само го чека во заседа. Меѓутоа се си има и своја слаба страна. За да се направи мрежата потребно е да се потроши многу енергија зошто таа треба да содржи многу протеини,па на крајот на денот кога мрежата ќе ја изгуби својата лепливост-пајакот ќе ја изеде. Вака пајакот ја рециклира сопствената мрежа за да си ја врати енергијата што ја потрошил за нејзиното правење.
Пајаците можат да бидат заробени во сопствената мрежа. Нивната мрежа е леплива за да можат на тој начин да го уловат пленот. Како тие самите не се „лепат“ во сопствената мрежа? Тоа вообичаено не се случува,меѓутоа тие треба да бидат претпазливи да се движат на местата кои не се лепливи,зошто во спротивно можат да станат нечиј туѓ плен заробен во својата сопствена замка.
Понекогаш повеќе пајаци прават мрежи заедно како што е оваа со должина од 108 метри во должина.
Ентомолозите мислат дека тоа е резултат на социјализација,кога пајаците
намерно прават големи мрежи за ловење на поголем плен. Меѓутоа
непознато е дали овие мрежи настануваат случајно или како производ на соработка и
колективна свест.
намерно прават големи мрежи за ловење на поголем плен. Меѓутоа
непознато е дали овие мрежи настануваат случајно или како производ на соработка и
колективна свест.