Уметност од човечки коски

FrancoisRobertBones1Francois Robert се прашувал што да прави со човечкиот скелет кој случајно се нашол кај него, па дошол до идеја да направи уметност од него. Така тој поминал стотици часови редејќи ги коските за да добие различни форми и во тој процес настанала по малку бизарната серија наречена „Спречете го насилството“.


Francois Robert се прашувал што да прави со човечкиот скелет кој случајно се нашол кај него, па дошол до идеја да направи уметност од него. Така тој поминал стотици часови редејќи ги коските за да добие различни форми и во тој процес настанала по малку бизарната серија наречена „Спречете го насилството“.

FrancoisRobertBones1

„За време на 90 -тите на аукција во едно старо училиште купив три метални шкафови“ вели тој. „Бев многу изненаден кога во еден од нив открив вистински човечки скелет. Со години тој стоеше изложен во моето студио и често се прашував што друго можам да направам со него. На крај дојдов до идеја да ги одделам коските од скелетот и да ги преуредам во различни форми и така од тој процес настанала серијата „Спречете го насилството“.“

Роберт признава дека повеќе од сè тој бил мотивиран од стравот од смртта. „Коските се нешто што го оставаме зад себе, форма на сеќавање. Се обидувам да ја третирам со почит личноста на подот од моето студио.“

FrancoisRobertBones2

FrancoisRobertBones3
FrancoisRobertBones4
FrancoisRobertBones5
FrancoisRobertBones12
FrancoisRobertBones6
FrancoisRobertBones7
FrancoisRobertBones8
FrancoisRobertBones9
FrancoisRobertBones10
FrancoisRobertBones11

- Реклама -