Пол Јоаким е уметник од Мајами кој ја соединил неговата љубов кон слатките со талентот за вајање, и така настанало необичното хоби кое со текот на времето се претворило во негов главен извор на приходи.
Најчесто изработува фигури од познати личности во природна големина, иако од неговата работилница понекогаш изглегуваат и чоколадни животни и јунаци од цртаните филмови.
Меѓу неговите најпознати дела е Мерилин Монро, изработена во нејзината фамозна поза со кренатиот бел фустан.
„Ја правев пред бројна публика, и за неа потрошив околу 50 килограми чоколадо. Со помош на глазура одлично го доловив нејзиниот израз на лицето и нејзината фризура“, отркива Јоаким.
Додека траат изложбите, тој не го трга погледот од своите дела, стравувајќи дека некој би можел да ги скрши или да сака да ги вкуси. Меѓутоа, откако тие ќе завршат, Јоаким ги поканува присутните да се уверат дека неговите скулптури не се убави само за око.