Портрет на англискиот математичар Алан Туринг, кој се смета за татко на модерната компјутерска наука, се продава како дел онлајн продажба наречен „пресекот на уметноста и технологијата“, кој ќе трае од 31 октомври до 7 ноември.
Сликата наречена „Бог на вештачката интелигенција“, се проценува дека вреди меѓу 100.000 и 150.000 фунти, според креаторите на роботот Аи-Да.
Овој ултра реален робот е еден од најразвиените во светот. Тој има бионички раце и лице со кафена перика што дава вознемирувачка сличност со човек.
Роботот е создаден во 2019 година од тим предводен од Ејдан Мелер, галерист и основач на AI-Da Robot Studio, со експерти за вештачка интелигенција од универзитетите во Оксфорд и Бирмингем во Англија.
Инспирација за името на роботот беше Ејда Лавлејс, првата жена која кодирала.
Роботот уметник користи вештачка интелигенција за да создава слики или скулптури и има камери во очите и бионички раце. Се движи и зборува самостојно, без човечка интервенција.
„Преку сликите на Алан Туринг ги одбележувам неговите достигнувања и неговиот придонес во развојот на информатиката и вештачката интелигенција“, рекол роботот.
Портретот, со деструктуриран, темен тон на лице, сликовито потсетува на стравовите на Ален Туринг за употребата на технологијата и продолжува да поставува прашања за тоа до каде ќе не однесе моќта на вештачката интелигенција, рече креаторот на AI-De, Ајдан Мелер.
Делата на роботот Аи-Да веќе беа изложени на биеналето во Венеција, во музејот за дизајн во Лондон, на пирамидите во Гиза и во Обединетите нации. Роботот зборуваше во горниот дом на британскиот парламент во 2022 година.
Другите дела кои ја испитуваат улогата на вештачката интелигенција и дефиницијата за уметничко творештво ќе бидат продадени во текот на истата недела, на онлајн аукција.