Уметничката Џејн Перкинс, репродуцира познати класични уметнички дела, со помош на безброј пластични предмети, како играчки, шноли, копчиња и други ситници. Таа наоѓа инспирација во стари предмети кои со задоволство ги пробразува во нешто ново и уникатно.
Таа вели дека обожува кога во уметноста има забава и непредвидливост, а исто се радува кога со своите дела придонесува кон насмевка и задоволство кај публиката.