Ултра редок феномен во Хонгконг: 10.000 громови за 12 часа (видео)

grom[1]

На 9 јули, на небото на Хонгконг се случи метеоролошки феномен кој ги изненади и самите метеоролози. 10.000 громови го распараа небото за само 12 часа, што е неверојатно дури и за летна олуја.

Бурата се случи само ден откако во Хонгконг беше забележан најтоплиот ден од 1969-та па наваму, кога во економската престолнина во Азија беа измерени 37 степени Целзиусови.

Според Тим Ји-тинг од метеоролошката Опсерваторија на Хонгконг, бројот на удари на громови од 9-ти јули убедливо го сруши претходниот рекорд забележан во 2005 година, кога удрија (тогаш) рекордни 9.966 громови, но за 24 часа.

Новиов рекорд веројатно нема да влезе во Гинис во категоријата за најмногу удари на громови во еден ден, бидејќи 12-те часа во кои траеше бурата се протегаа во 2 дена, помеѓу саботата и неделата.

- Реклама -