Британецот Џејми Сканлон е многу попознат како уличниот уметник JPS. Почнува да црта по улиците во 2009 година.
Британија за малку ќе го немаше. Пред да се посвети на уличната уметност, JPS се бори со сериозни проблеми со алкохолот и зависноста од дроги. За среќа, постои Banksy – сметан за најголемиот уличен уметник. Неговата уметност ќе го инспирира JPS и тој да го прави истото, а посветеноста со која ќе му се посвети на стрит-артот ќе му помогне и да се тргне од дрогите.
До ден денешен, JPS им го развеселува денот на минувачите.