Наместо да користи скара како сите други улични продавачи на печено место (вообичаени во Тајланд), Сила Сутарат смислил многу подобра, и особено поевтина алтернатива. Тој користи 1000 преносни огледала со кои ја концентрира сончевата светлина во моќен зрак. Па во основа, Сутарат пече кокошки на 300 степени Целзиусови, но со природна енергија.
Идејата да го замени јагленот со соларна скара ја добил во 1997 година, кога еден ден му се случило нешто мошне секојдневно – поминувал автобус, сончевите зраци се одбиле од стаклото, го погодиле баш Сутарат, а тој ја почувствувал благата топлина од одбиената светлина. Па си рекол, „можеби можам ова да го претворам во енергија“, и почнал да работи на структура што ќе ја рефлектира сончевата светлина кон неговите непечени кокошки.
Класика – луѓето му викале дека е луд, дека печењето кокошки на овој начин е невозможно; но тој ги игнорирал нивните шеги и навреди и не дозволувал да го пишманат. На крајот, неговите 1000 подвижни огледала работеле баш како што замислувал, овозможувајќи му да пече кило и пол пилешко за само 10 до 15 минути. Маринираните кокошки почнуваат да „црцорат“ по само неколку минути.
Вели дека неговата скара достигнува максимум од 312 степени, и затоа Сутарат носи маска за заварување, а не капа за готвење. Соларната скара не само што значително му ги намалува трошоците и му овозможува да продава по пониска цена од конкуренцијата, туку е и вистински магнет за муштерии. Луѓето се љубопитни и со нетрпение чекаат да пробаат од месото печено на ваква генијална скара.
Тајванецот не остана незабележан ни од локалниот универзитет, кој му додели почесна научна диплома. Сутарат, пак, продолжува да продава печени кокошки на сонце. Ова му е трета деценија.