Уличен фотограф патува низ светот и фотографира различни карактери на кучиња

Лондонскиот фотограф Алан Шалер е познат по надреалниот контраст во црно-белите фотографии. Специјалност му е  „Реалноста и различностите на човечкиот живот“. Сепак во новиов проект Алан има да ни каже нешто и за кучињата.

Алан Шалер патува низ целиот свет, а поентата, овој пат, му е да ни ги долови различните карактери на кучињата, и тоа од огромни песови до оние најминијатурните. Процесот опфаќа најпрвин запознавање со кучето, па создавање некој вид врска со него и на крајот стекнување доверба.

„Сметам дека куињата се понепосредни, попријателски настроени и позабавни од луѓето“.

 

- Реклама -