Украинскиот претседател свечено пушти во употреба сообраќаен знак

„Го разгледувам ремонтираниот дел од патот H-08 – 23,74 километри, кој ги поврзува Запорожје и Дњепар”, твитнал Петро Порошенко непосредно пред свечено да го „отвори“ реновираниот дел од горенаведената траса.

Сепак, за разлика од класичното сечење лента, Порошенко тоа го направил троа поелегантно – со откривање на сообраќајниот знак кој претходно бил покриен со не баш свечено платно (види слика).

„Во топла и пријателска атмосфера, со бурни и долготрајни аплаузи на стотина Украинци, претседателот на Украина го откри сообраќајниот знак”, се самореметат и си потплачнуваат Украинците на социјалните мрежи (ситуација што нас ни е и тоа како позната).

Виа Точка

- Реклама -