Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска го потврди присуството на севернокорејски војници во Русија и нивното распоредување во регионот Курск за учество во војната против Украина
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, денеска повика на итно укинување на ограничувањата за напади од долг дострел врз Русија, откако НАТО потврди присуство на севернокорејски трупи на руска територија.
„Украина со недели предупредуваше дека Русија се подготвува да распореди севернокорејски единици. Не видовме силна реакција. Сега генералниот секретар на НАТО го потврди тоа. Заклучок: Слушајте ја Украина. Решение: Веднаш да се отстранат ограничувањата на нашите удари со долг дострел против Русија“,
напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс.
For weeks, Ukraine has been warning that Russia prepares to deploy North Korean units.
We haven’t seen strong response. Now NATO Secretary General confirmed this.
The bottom line: listen to Ukraine.
The solution: lift restrictions on our long-range strikes against Russia now.
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) October 28, 2024
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска го потврди присуството на севернокорејски војници во Русија и нивното распоредување во регионот Курск за учество во војната против Украина.
И Пентагон соопшти дека Северна Кореја испратила околу 10 000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нагласи дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти денеска Пентагон.
Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде Русија се бори за да го одбие украинскиот упад.