Украинската авторка Катерина Бабкина во петок во Лабораториум

Во петок, 17-ти мај во 20 часот во Културниот центар „Лабораториум“ гостува една од најуспешните украински авторки, Катерина Бабкина. За книгата „Капчо и китот“ со неа ќе зборуваат Румена Бужаровска и Калина Малеска.

Катерина Бабкина е украинска поетеса, раскажувач, романсиер, драматург и сценарист. Добитник на Централноевропската книжевна награда Ангелус (2021). Родена во Ивано-Франковск, Украина во 1985 година. Студирала новинарство на Националниот универзитет Тарас Шевченко во Киев каде дипломирала во 2007 година.

Работела како уредник за Esquire во Украина од 2012 до 2014. Таа, меѓу другото, има објавено написи во Фокус, Бизнис и Ле Монд.

Бабкина беше првата украинска авторка која читаше во Библиотеката на Конгресот, САД.

Прочитајте и:  „Скопје вибрира” во организација на „Лабораториум„ и „Лаб дизајн маркет”

- Реклама -