Украинците ќе го забрануваат Спанџбоб, затоа што е геј

Во Украина се планира воведување цензура на неколку цртани филмови наменети за најмладата публика, бидејќи конзервативната комисија ги оценила како „вистинска закана за децата“.

Украинската национална експертска комисија за заштита на јавниот морал излезе со извештај во кој се напаѓаат повеќе телевизиски програми, кои се оценети како негативно влијание врз децата. Психологот Ирина Медведева тврди дека децата на возраст помеѓу 3 и 5 години, откако ќе го гледаат Спанџбоб, започнуваат да им се криват на луѓе што не ги познаваат, се смеат на глас и повторуваат фрази кои немаат смисла „на бизарен начин“.

Покрај Спанџбоб, на списокот за цензура се наоѓаат и: „Футурама“, „Симпсонови“, „Фемили гај“, „Покемон“ и „Телетабиси“. Официјално, се тврди дека овие цртани филмови се „проекти насочени кон уништување на семејството и промоција на дрога и други пороци“.

Верувале или не, ова се причините за забрана дадени од комисијата:

  • Спанџбоб – геј;
  • Телетабиси – намерно целење кон создавање субнормални луѓе, кои по цели денови седат пред телевизорот и примаат секакви информации со отворена уста и промовирање на психологија на губитници;
  • Шрек – содржи садизам;
  • Саут Парк – пропаганда за реинкарнација;
  • Аниме – чист пример за сексистичка пропаганда.

Заклучокот од оваа генијална студија бил дека „сите наведени цртани филмови всушност претставуваат обид за опсежно експериментирање врз украинските деца, со цел да се создадат криминалци и перверзни умови“.

- Реклама -