УЕФА покрена истрага за репрезентативецот на Албанија, Даку за пцовките упатени кон Македонците

Инаку, по натпреварот во кој репрезентацијата на Албанија со гол во судиското продолжение успеа да извлече бод играјќи нерешено против Хрватите (2 : 2), Даку зеде мегафон од навивачите и заедно со публиката скандираше пцости кон Македонците и Србите. На видеата објавени на социјалната платформа Икс може да се види како репрезентативецот на Албанија преку мегафонот извикува пцовка кон Македонците, по што навивачите продолжуваат со скандирање на навредите

Oтворена е истрага во врска со наводите за недолично однесување на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку. Дополнителни информации во врска со ова прашање ќе бидат достапни во догледно време. Оваа информација ја соопштила Дициплинската комисија на УЕФА, како што пренесува ТВ Телма, откако денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најави дека ќе ја извести и УЕФА и изрази загриженост и осуда за националистичките скандирања и навреди на репрезентативецот на Албанија, насочени против Македонците по завршувањето на вчерашниот натпревар помеѓу Хрватска и Албанија на Европското фудбалско првенство во Германија – ЕУРО 2024.

„Во врска со натпреварот од групната фаза на УЕФА Европското првенство 2024 меѓу селекциите на Хрватска и на Албанија одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија отворена е истрага во врска со наводите за недолично однесување на играчот на Албанија, Мирлинд Даку. Дополнителни информации во врска со ова прашање ќе бидат достапни во догледно време“,

се вели во соопштението од Дициплинската комисија на УЕФА.

Од ФФМ посочија и дека за ваквото скандалозно однесување ќе испратат и официјален допис до УЕФА. Од Федерацијата го повикаа фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика.

Инаку, по натпреварот во кој репрезентацијата на Албанија со гол во судиското продолжение успеа да извлече бод играјќи нерешено против Хрватите (2 : 2), Даку зеде мегафон од навивачите и заедно со публиката скандираше пцости кон Македонците и Србите.

На видеата објавени на социјалната платформа Икс може да се види како репрезентативецот на Албанија преку мегафонот извикува пцовка кон Македонците, по што навивачите продолжуваат со скандирање на навредите.

Поради навреди и националистички скандирања упатени кон Србија и Србите, Фудбалската федерација на оваа земја (ФФС) побара од УЕФА да ги казни репрезентациите на Хрватска и Албанија и најави дека доколку не се преземат никакви мерки, ФФС ќе ја повлече репрезентација на Србија од натамошното учество на ЕУРО 2024.

- Реклама -