Шест годишно момче од Сенека Фолс, Њујорк, кое страда од алергии користи VGo робот за да оди на училиште. И ова е експеримент кој функционира.
Животот на Девон Кероу е постојано во опасност од кикирики, млеко, јајца, одредени типови на месо и други прехранбени производи. Тој страда и од есофагитис (алергично воспаление на на дишникот), од синдром на анафилактичен шок и астма. Исхраната на Девон е толку ограничена што тој уште пие бебешка формула, и мора да конзумира хипоалергенски Неокат додаток со секој оброк.
Неговите алергии и другите здравствени проблеми значат дека би било невозможно за него да присуствува на училиште – во основа тој не може да излезе од дома. Девон не одел во градинка но потоа неговото семејство се запознало со Кристин Мајерс, локалниот управител за специјално образование. Таа им предложила да се обидат со роботот за телеприсуство VGo, по што Девон станал еден од првите ученици во САД кој ја користат оваа технологија.
Тие решиле да се обидат и сега Девон посетува училиште кое се наоѓа на околу 8 километри од неговиот дом. Остатокот од неговото оделение се приспособило на присуството на роботот. За децата ова не е необично и тие го третираат роботот како нормален дел од секој час. Тие мислат дека тој е паметен, пријателски настроен и често смешен. Девон често ги пречекува соучениците на влезот од училиштето. [Robot helps put boy, 7, at the head of his class]