На 90-минутно возење од корејскиот главен град Сеул се наоѓа напуштено
основно училиште во кое ќе бидат вложени $400.000 со цел да се создаде
едукационен центар фокусиран на граѓанскотo новинарство и тематски
креирана содржина.
На 90-минутно возење од корејскиот главен град Сеул се наоѓа напуштено основно училиште во кое ќе бидат вложени $400.000 со цел да се создаде едукационен центар фокусиран на граѓанскотo новинарство и тематски креирана содржина.
Дизајнирано како "колаборативен центар за знаење" за повеќе од 60.000 граѓани и блогери, училиштето коe е отворено на 24 ноември ќе им даде на граѓаните ретка можност да ги наполнат батериите и да се гледаат себеси како тематски креатори, наоѓајќи се во пријатна селска идила.
Просторот ќе вклучува три училници доволно големи да сместат 100 студенти истовремено како и простор за престој и вечерање на околу 50 гости, целосно опремени со супер-брз интернет. Исто така постои и област за рекреација.
Целиот "центар" ќе биде составен од професионални новинари од телевизијата, весниците и радијата. Едукациониот програм ќе се состои од 101 час за граѓански репортери, работилници за пишување, како и специјализирани часови по дигитална фотографија за фото и видео репортери.
Понапредните часови ќе вклучуваат ре-едукациски програм за професионални новинари, работилници за интернет новинарството како и лекции за тоа како да си ги подобрите вештините за интервјуирање.