19-годишниот Џанг Че од Јиангсу, Кина, страда од мускулна дистрофија и не може да оди.
Во последните три години неговиот соученик, 18-годишниот Џие Сју, го носи на грб секој ден до училиште, а по часовите – назад до студентскиот дом.
„Не се роднини, но Џие го прави тоа со години” – раскажува заменик-директорот на гимназијата во која учат двете момчиња.
„Така влијае позитивно и на другите ученици, кои со задоволство му помагаат на Џанг. Со нивна помош, Џанг никогаш не пропуштил час.”
Освен по патот до училиштето, Сју му помага на Џанг и со перењето, му носи појадок, ручек и вечера.
И покрај тешкотиите двајцата биле одлични по успех во класот во последните три години.
Џие е нашиот херој на седмицата.