Ubuweb: YouTube за авангарда

Прочитај повеќе...Основана во 1996 година како еден вид експериментална лабараторија за различни видови поезија, Ubuweb се разви во најголема онлајн архива за сите видови форми поврзани со авангардата. Базирана на идејата да стане онлајн институција која ќе се основа  врз утопискиот идеал за бесплатен и неограничен пристап на информации Ubuweb нуди ретки и речиси невозможно да се најдат на друго место авангардни и експериментални видеа, музика, визуелна поезија, ретки книги… сето тоа достапно за гледање онлајн или за даунлоадирање.

ubuwebОснована во 1996 година како еден вид експериментална лабараторија за различни видови поезија, Ubuweb се разви во најголема онлајн архива за сите видови форми поврзани со
авангардата. Базирана на идејата да стане онлајн институција која ќе се
основа  врз утопискиот идеал за бесплатен и неограничен пристап на
информации Ubuweb нуди ретки и речиси невозможно да се најдат на друго
место авангардни и експериментални видеа, музика, визуелна поезија,
ретки книги… сето тоа достапно за гледање онлајн или за
даунлоадирање.

Навистина е тешко да се наброи што се има таму (има толку многу!), а и постојано се апдејтува со нови историски или современи аудио и видео фајлови од помалку или повеќе познати автори, независни филмски режисери, поети и андерграунд уметници.

А еве и зошто себеси се прокламираат како YouTube за авангарда: во видео секцијата можат да се најдат ретки експериментални филмови, видео артови, перформанси(Јозеф Бојс, Ив Клајн…), од филмовите направени од дада движењето и надреалистичките експерименти со овој медиум од почетокот на 20 век, експерименталните видеа на Флуксус, па се до Banksy.Тешко да се издвои нешто од големиот избор на видеа (има филмови направени од Бекет, Вилијам Бароуз…) што се достапни за гледање онлајн или за  директно (од вашиот браузер) даунлоадирање.

Моја препорака: поледнете го Les Astronautes (надреалистичка стоп-анимација на полскиот режисер Walerian Borowczyk).

- Реклама -